(Видео) Хотелот „Цар Самуил“ добива нов современ изглед
Хотелот „Цар Самуил" во Бања Банско, Струмица, добива нов современ изглед.
Медицинско-хотелскиот комплекс е во процес на целосна реконструкција со цел комплетно да се модернизира и да ги обезбеди сите највисоки стандарди за користење на сите природни благодети во неговото опкружување.
Во рамки на комплексот веќе комплетно функционира ПЗУ „Белиот Цвет" како дел од амбулантите за ортопедија и интервенции, со посебна амбуланта за постурална анализа каде ексклузивно и за прв пат во Македонија е достапен GPS постурален анализатор Leonardo, што оваа ординација ја прави единствена од ваков вид во нашата земја.
За тоа во што се состои трансформацијата на хотелот „Цар Самуил", какви услуги се вклучени во неговиот програм и какви се неговите капацитети, разговаравме со Горан Митров, менаџер на хотелот.
Целиот разговор проследете го во видеото.