(Видео) Кендал Џенер го покажа својот дом во Лос Анџелес

Кендал Џенер за магазинот „ Architectural Digest“ ги отвори вратите од еден од своите имоти во Лос Анџелес. Она што ќе го забележите на прва е дека се работи за огромен простор, кој има големи прозорци.

Во формалната дневна соба, како што ја нарекува моделот, нема телевизор, бидејќи сака со гостите да води забавни и длабоки разговори без телевизорот да им го одвлекува вниманието.

Со оглед на тоа дека е љубител на медитација, во куќата има и катче каде што го прави тоа.

И покрај тоа што сака колоритни комбинации, сепак за домот се одлучила за земјени и топли нијанси.

Нејтешкиот дел од уредувањето на куќата била бањата, поточно мијалнкот, изработен од камен. Всушност, тој е камен, на кој е направена длабнина за да потсетува на мијалник.

Кендал ја покажа и својата работна соба, ателјето во кое сака да слика во слободно време, како и градината.

Како изгледа целиот имот, погледнете во видеото.

 

Објавено:
3 август 2020
Прегледно:
558 пати