Видео: Кога Адел се шегува...

Последните неколку недели сме сведоци на вистинска Адел – манија, а викендов таа приреди едно специјално изненадување за група нејзини обожавателки. 

Како дел од специјалното „Адел“ издание овој петок на Би – Би – Си, беа собрани неколку девојки – имитатори кои личат и пеат приближно како Адел на кои таа им се придружи во едно сосема поинакво издание. 

На девојките таа им се претстави како Џени како дел од навистина смешниот проект во кој таа одигра совршена улога. 

Кога веќе дојде нејзиниот ред и се качи на сцената да отпее нешто од Адел, останатите девојки останаа во шок и во солзи се поздравуваа со нивниот идол. 

Овој петок конечно беше објавен и новиот албум на пејачката „25“, а само во првиот ден, беа продадени повеќе од 900.000 копии. 

Се очекува во првата недела да бидат продадени неверојатни 2.5 милиони примероци и со тоа, Адел уште еднаш да влезе во музичката историја.

Објавено:
23 ноември 2015
Прегледно:
506 пати