(ВИДЕО) „Кометал шампионе“ 18 години подоцна

Пред 18 години, на овој ден, ракометарниот клуб „Кометал Ѓорче Петров“ стана европски шампион. По тој повод, токму таа 2002 година, Александар Митевски ја напиша песната „Кометал шампион“, која стана химна на жените борци, кои донесоа голема радост и гордост на целата нација.

За истата беше снимен и спот, во кој се појавија голем број познати личности.

Сега пак, 18 години подоцна, Александар Митевски и Дац решија да направат кавер верзија на песната, а во овој спот се појавуваат и дел од шампионките од „Кометал“, со снимени видеа од своите домови.

Потсетување на убаво време и убави чувства! 

Објавено:
19 мај 2020
Прегледно:
178 пати