(Видео) Музички камионет пееше и возеше од Ѓорче до Железара – ова е новиот спот на Мијата

Музички камионет, распеан возеше од Ѓорче Петров до Железара, предизвикувајќи ги љубопитните погледи на скопјани.

Така Мијата го снимаше новиот спот за „Враќање дома" што викендов беше реализиран и објавен на Јутјуб.

Во „Враќање дома" Мијата вокално ја придружува младата пејачка и кант авторка Теодора Гошева Капсарова, која се појавува и во спотот.

„Снимањето на спотот беше прекрасно искуство каде скопјани спонтано реагираа на музичкиот камионет кој возеше и пееше од Ѓорче Петров до Железара. Благодарност и до авторскиот тим кои направија парче музика кое толку автентично мене ме отсликува и секако да видео продукцијата кои ја поддржаа мојата идеја", изјави Мијата.

Аудио: Музика: Александар Пешевски
Текст: Весна Малинова
Аранжман: Дамир Пух, Наташа Миха, MIYATTA
Микс& Мастеринг: Дамир Пух @GreenRoom Sound Studio
Мандолина: Никола Стојмановиќ Придружни вокали: Наташа Миха Видео: Режија: MIYATTA Видео Продукција: Били Д, Гордан Божиновски @Solution+ Стајлинг: Сара Реџиќ @Sari G Шминка: Бранкица Крстевска

 

Објавено:
23 мај 2022
Прегледно:
524 пати