Видео: Отворање на објектот Business Homes на Elena Luka Home
Eтаблираната градежна компанија Elena Luka Home минатата недела го пушти во употреба современиот станбено-деловен објект Business Homes со што и официјално ja заокружи приказната на урбаниот комплекс EL Homes – Eco Homes во скопската населба Аеродром.
На официјалното отворање на вратите на Business Homes, на станарите им беа доделени клучевите од нивниот нов дом, емотивен момент што означува едно ново поглавје од нивниот живот. Возбудата и позитивните емоции беа заеднички и за станарите, но и за тимот кој неколку години наназад посветено работеше на создавањето на овој комплекс, а задоволството несебично го сподели и генералниот менаџер и главниот визионер на компанијата, г-ѓа Елена Пандева.
Каков беше амбиентот на отворањето, ви пренесуваме во видеото погоре.