Видео: Погледнете како ќе изгледа спомен обележјето на Тоше

На Фејсбук страната на градоначалникот на Крушево, Томе Христовски, вчера беше објавено видео за тоа како ќе изгледа вечното почивалиште на Тоше Проески.

„Погледнете видео за тоа како ќе изгледа спомен обележјето на Тоше, според идејното решение. Видеото го објавуваме на денот на христијанскиот празник Св. Преображение, празник кога сите крушевчани го посетуваат истоимениот манастир и дом на Тоше Проески. После многу години статус кво состојба, денес во тек е тендерската постапка за изградба на гробното место на нашата поп икона и за многу брзо започнуваме со изградба“, стои во објавата.

Се надеваме дека истото навистина ќе се реализира и конечно овој наш великан ќе има достојно спомен обележје, какво и доликува.

.

 

Објавено:
20 август 2019
Прегледно:
308 пати