Видео: Погледнете како помина првата проба на ѕвездичките од „Дајте музика“ на детската Евровизија

Ѕвездичките од „Дајте музика" кои се нашите годинешни претставници на детската Евровизија во Париз, денеска ја имаа својата прва генерална проба.

Со „Green forces", песната која веќе е хит, тие испраќаат суштинска еколошка порака која од сцената во Париз треба да стигне до целиот свет, затоа што нѐ засега сите.

Кики (Кристина Мукаетова), Наташа (Анастасија Џабирски), Филип (Филип Поповски) и Миха (Миха Гигов) се четворката која е гласот на новата генерација за спас на планетата Земја.

Нашите претставници ќе настапат 18-ти по ред на сцената на детската Евровизија која ќе се одржи в недела (19 декември).

Нивната евровизиска песна има речиси 1,5 милиони прегледи на Јутјуб и важи за еден од фаворитите на годинешниот детски музички натпреват.

Им посакуваме многу успех.

Објавено:
15 декември 2021
Прегледно:
2.570 пати