Видео: Погледнете како си поминавме на кастингот со малите принцези на Елена Лука

Викендов за нас беше посебно убав. Имавме привилегија да уживаме во друштвото на малите принцези, кои во огромен број се пријавија и дојдоа на кастингот што го организираше модниот бренд Елена Лука, а по повод нејзината специјализирана линија Elena Luka Princess.

Како во бајковита сликовница, малите принцези што присуствуваа на првиот голем отворен кастинг за Elena Luka Princess, го исполнија ателјето со прекрасна детска енергија и многу насмевки, затоа што имаа можност сите да се почувствуваат како нивните омилени принцези од приказните.

Елена Лука на своите мали принцези, им посака добредојде во нејзиниот розов свет каде тие имаа можност во еден убав, бајковит амбиент да се фотографираат и заедно со нивните родители, одблиску да се запознаат со концептот на Elena Luka Princess.

Каков беше амбиентот, ви пренесуваме во видеото.

Објавено:
3 јули 2019
Прегледно:
1.533 пати