ВИДЕО: „Преспав“ се враќа на 18. декември!

Љубителите на домашни серии имаат уште една причина да му се радуваат на декември - екипата од „Преспав“ се враќа на малите екрани!

Официјалното промо видео излезе, а од она што го гледаме, ќе биде лудо и интересно!

Сашко Коцев се придружува на досегашната екипа, како нов сопственик, а меѓу оние што ќе ги видиме во новата сезона се и актерите од Србија, Никола Којо и Анѓелка Прпиќ.

Дали пансионот ќе им се врати на стариите сопственици или на новиот, ќе гледаме од 18. декември на МТВ.

 

Објавено:
3 декември 2019
Прегледно:
482 пати