(Видео) Пристигна официјалниот трејлер за „Емили во Париз“

После најавата која беше проследена со големо внимание, од „Нетфликс“ го објавија и првото официјално видео за серијата „Емили во Париз“, кое уште еднаш потврди дека макар од моден аспект ќе биде мошне возбудлива.

За потсетување, новата серија уште ја нарекуваат и модна наследничка на „Сексот и градот", бидејќи зад неа се потпишува Дарен Стар, истиот човек кој е заслужен за шест сезони токму на „Сексот и градот", а во новиот проект со себе ја зема и познатата костимографка Патриција Филд, без чии комбинации серијата немаше да го има истото внимание.

Инаку, дејството во „Емили во Париз" го следи животот на девојката Емили која се сели од родното Чикаго во Париз, за да работи во маркетинг агенција. Една сезона е снимена во Париз пред пандемијата и има десет епизоди. Во главната улога е Лили Колинс.

Првата епизода ќе се емитува на 2 октомври.

Објавено:
11 септември 2020
Прегледно:
1.387 пати