Видео: Промовиран спотот за „Не можеш без мене“ на Горан Тонев

Младиот музички талент Горан Тонев, викендов го промовираше видео спотот за неговата нова песна „Не можеш без мене".

Автор на музиката и аранжманот е Димитар Андоновски а зад текстот на песната се потпиша Роберт Ристов.

На спотот рааботеше тимот на ARTISTIC Production заедно со актерот и режисер: Роберт Ристов.
Спотот се снимаше две ноќи на локации во Скопје и Кавадарци. Како главен лик во спотот, освен Горан Тонев, се појавува и младата и атрактивна актерка Изабела Јакимова.

Тонев дебитираше на Макфест 2020 со песната „Mојa и твој" на Робертo Поп Димитров.
Во моментов е актуелен натпреварувач во Ѕвездите на Гранд во тимот на Ивана Петерс.

Објавено:
22 декември 2021
Прегледно:
292 пати