Видео: Среќен прв роденден Fashionel!

Модниот онлајн магазин Fashionel ја заокружи својата исклучително значајна прва година во која го дефинираше својот идентитет како препознатлив моден медиум, со симболична роденденска забава на која доминираше позитивната атмосфера и убавото расположение на гостите и домаќините.

Видеото во продолжение ќе ви пренесе дел од амбиентот и емоциите на прославата на првиот роденден на Fashionel, на кој присуствуваа голем број  соработници, пријатели, луѓе од македонската модна фела, како и вљубеници во модата.

Посакуваме да се гледаме на уште многу родендени на Fashionel!

Објавено:
3 мај 2014