Видео зад сцената: Елена Лука едиторијал "Summer colours"

Парчето уметност кое се создава зад сцената секогаш повеќе ја скокотка љубопитноста. Видеото кое имате можност да го погледнете во продолжение содржи  материјал токму од зад сцената.

Колекцијата "Summer Colоurs" на модната куќа „Елена Лука“ која инстанто ги пробуди вашите модни апетити, пленејќи со живописните бои, уникатниот дизајн и префинети летни материјали, деновиве доби свое фото документирање,  од кое секојдневно ви презентираме креација за стајлинг на денот.

Сигурно ќе ви биде интересно да погледнете како се изработуваше едиторијалот за најновата летна колекција на Елена Лука, во кој манекенката ќе ве шармира со убавина и креации што оставаат без зборови.

Објавено:
5 јули 2014