Винтиџ гламур фантазија во новиот спот и песна на Katerinha

Видео-записот за песната „Trippin" беше вистински хит и фантастичен старт на кариерата на младата Катерина. Потоа следеа уште неколку успешни траки и видео-записи, а денеска ќе имате можност да го видите и слушнете и најновото од неа.

Се работи за песната насловена како „My Bed“. 

„Песната е за тоа како сакам да бидам третирана и видена од мојот љубовник. Додека ги пишував стиховите, сфатив дека тоа е она што некој сакам да ми го напише. Така што, јас сум музата на оваа песна, ја напишав самата за себе“, вели Катерина чиј претходен сингл„ Not Your Friend" во фокус исто така ја ставаше љубовта која треба да ја имаме кон себеси.

Како режисер на спотот се потпишува Адам Мaнингс.

„Користејќи го креветот не само како интимно место, туку и како метафора за себеприфаќањето и прифаќањето на она од другата страна, перформансот може да биде сфатен како личен акт на слобода и славење на ранливоста“, објаснува Адам кој досега работел бројни музички и модни видеа, вклучувајќи ги и оние за „Вог“, „Адидас“„WizTheMC“ и многу други.

Уште една автентична мелонија, која ќе ве освои со ритамот, особено ако сте љубител на soul-pop jam звук.

Погоре погледнете го спотот кој изобилува со мода, танц и музичка слобода.

Повеќе за Катерина можете да прочитате и тука.

 

Објавено:
21 август 2021
Прегледно:
234 пати