Винтиџ плакарот на Суки Ватерхаус

Таа е една од најбараните модели во моментов, навидум едноставна, но во суштина девојка полна со харизма и шарм од некое минато време.

Суки Ватерхаус го отвори плакарот во нејзиниот винтиџ дом во Лондон, а токму таму, имавме можност да видиме прекрасни и уникатни дизајнерски парчиња.

Како едно од нејзините омилени парчиња, таа го посочува белиот ретро комбинезон од неверојатно нежен материјал, што дефинитивно потсетува на модата од времето на Иди Сеџвик.

Плакарот на Суки е вистински преполн со класични парчиња меѓу кои и Грејс Кели бунда, Шанел долна облека со нејзините иницијали, многу накит и Валентино фустани.

Таа ќе каже дека најдобрата комбинација што секоја девојка би требало да ја облече на прв состанок, е онаа со која ќе покаже дека навидум не се потрудила воопшто!

Во кусото видео, таа одговара и на неколку брзи прашања преку кои ќе откриете што е она што шармантната Суки го сака во животот.

Објавено:
24 јули 2015
Прегледно:
558 пати