Виолинистката Сања Здјелар прави прекрасни музички преработки: Вака звучи „Налеј“ во нејзина изведба
Сања Здјелар е 19-годишна виолинистка од Скопје, која на својот Инстаграм профил @SiZi објавува преработки со виолина на различни музички дела.
Од класици до популарни хитови и нардони песни, нејзиниот профил е како една убава музичка разгледница во која виолината го има централното место.
„Веќе три години обработувам песни од нашите простори, а преку звукот на мојата виолина би сакала да ве доближам до убавината на музиката. Ова е мојата преработка на песната „Налеј", вели Сања која уште од мала возраст е посветена на свирењето виолина.
Слушнете и уживајте.
Објавено:
12 јануари 2022Прегледно:
261 пати