Во чест на Драган Вучиќ: Олгица Христовска и група музичари со онлајн изведба на „Свирете ја Зајди, Зајди“
Неделава прерано нè напушти музичарот и водител Драган Вучиќ. На јавната, но пред сè музичка сцена остави неизбришлива трага.
Меѓу композициите со негов потпис е и легендарната „Свирете ја Зајди, Зајди“, во изведба на Олгица Христовска.
Токму таа со група музичари, а под водство на Љупчо Мирковски, направија онлајн верзија на овој хит, во чест на нивниот пријател и колега.
„Твојата музика никогаш нема да зајде“ е пораката на крајот од видеото, кое ќе ви разбуди емоции.
Објавено:
8 мај 2020Прегледно:
8.872 пати