Волкот во неа: Режисерското деби на Кејт Мос за британски Вог!

Кејт Мос за септемвриското издание на британскиот Вог ја стилизираше уникатната Лара Стоун и сними одлично видео во кое ги покажа нејзините режисерски способности.

Видеото било снимено за време на создавањето на едиторијалот за магазинот во соработка со големиот фотограф Марио Соренти.

Многумина посочија дека режисерското деби на Кејт Мос е одлично и многу интересно. Имено, во истото ќе видите една поинаква приказна за жената – волк која деновите ги поминува низ шумите живеејќи со волците. Одличното, мистично видео на Кејт Мос за Вог, е проследено со музиката на нејзиниот сопруг Џејми Хинс и неговиот бенд The Kills.

Режисерскиот тим на Кејт видеото го сними со 8 – милиметарска камера, што му даде еден сосема поинаков и специфичен изглед. Како ви се допаѓа режисерското деби на Кејт Мос?

Објавено:
22 август 2014