За Нова година сакам само тато да се врати дома...

...Вака гласи новогодишната желба на едно мало девојченце од празничната реклама на „Кока-кола". Видео приказната освојува и не' потсетува дека ништо не е поважно од тоа да ги имаме најблиските, семејството околу себе.

Во низата празнични реклами кои излегуваат периодов, ова е една од оние кои ќе ви го стоплат срцето и кои ќе ги паметите. „Кока-кола“ секогаш имала впечатливи празнични реклами, сите се сеќаваме на шарените камиони со Дедо Мраз кој ни намигнува и веселата музика. Овој пат, тимот понуди друга, топла приказна, а како режисер се потпишува оскаровецот Таика Ваитити.

Погледнете го видеото и видете каде оди таткото на малото девојче.

Објавено:
11 ноември 2020
Прегледно:
1.097 пати