Забранетата реклама со plus-size модели

Познатата Ешли Греам заедно со нејзините колешки, plus-size моделите Тара Лин, Денис Бидот, Џорџија Прат и Прешс Ли, се најдоа во најновата реклама на „Лејн Брајнат“, синџир на plus-size облека.

И додека рекламата има за цел да го слави телото на жената (токму затоа и насловот на рекламата и кампањата е #ThisBody -Ова тело), двете најголеми телевизиски мрежи во САД, „Еј-Би-Си“ и „Ен-Би-Си“ сметаат дека рекламата не е соодветна за тв.

Во неа, моделите кажуваат зошто го сакаат своето тело.

„Ова тело е создадено за да биде цврсто, моќно и секси“, вели Ешли во рекламата.

„Ова тело е создадено за љубов“, вели уште една од моделите, доејќи го детето.

Рекламата завршува со обраќање на моделите до публиката со реченицата: „Ова тело е создадено за да започне револуција“.

Изворите на модниот бренд велат дека двете телевизиски мрежи ја забрануваат рекламата со образложение дека во одредени сегменти се преминува границата на пристојност.

-Уверени сме дека им смета „големината“ на жените во рекламите, а не нивната голотија. Кампањата „This Body“ е осмислена така да биде забавна и да се слават жените во сите облици и големини. Она што на едните им е премногу, на другите не им е. Моделите во нашата реклама не се ништо повеќе разголени од другите модели што ги гледаме на телевизија, на пример моделите на „Викторијас Сикрет“. Оваа реклама е вистинско славење на жените во сите големини во ситуации во кои се чувствуваат убаво, без оглед дали се работи за доење, покажување колку се еластични, ситуации во кои покажуваат тоа што се, и тоа што сакаат да бидат – стои во официјалното соопштение на брендот „Лејн Брајнат“, како реакција на забраната.

Што мислите Вие, оправдано ли е забранувањето на рекламата?

Објавено:
14 март 2016
Прегледно:
1.773 пати