Зад сцената: Фотосесија за новата колекција на Елена Лука

Модниот бренд Елена Лука неодамна ја промовираше својата нова колекција за актуелната сезона, есен-зима 2016/17 за која беа ангажирани три препознатливи лица на нашата модна сцена: Емилија Розман, Снежана Богдановска-Сани и Мартина Михајловска.

Колекцијата го носи ставот и шармот на современата, уникатна и моќна жена која е бесконечна инспирација во креирањето на линиите на Елена Лука.

Целата колекција, во зависност од естетиката на парчињата, е поделена во три сегменти: спортска елеганција, коктел комбинации и свечени тоалети.

Дел од амбиентот зад сцена за време на фотосесијата ви пренесуваме во видеото.

 

Објавено:
15 ноември 2016
Прегледно:
896 пати