Заљубените Кејт Бланшет и Руни Мара во тензичната драма „Керол“

Во екранизацијата на романот The Price of Salt се раѓа вистинска љубов помеѓу две жени. Филмот е премиерно прикажан на годинешниот Филмски фестивал во Кан во мај, каде наиде на одлични реакции од публиката и критиката.

Приказната во филмот се темели на романот на Патриција Хајсмит од 1952 – та година насловен како The Price of Salt во кој ја имаме главната хероина Керол (Кејт Бланшет), која е многу богата, несреќно мажена жена која се заљубува во продавачката Тереза (Руни Мара).

За улогата во филмот „Керол“, Руни Мара на годинешниот филмски фестивал во Кан ја освои наградата за најдобра женска улога. Покрај драматичната, страстна љубовна приказна помеѓу овие две жени, неверојатно добра е костимографијата и музиката во филмот, инаку дело на режисерот Тод Хајнс.

Светската премиера на „Керол“ ќе се случи на 27 – ми ноември, а дотогаш погледнете го трејлерот за филмот.

Објавено:
18 август 2015
Прегледно:
174 пати