Цар Самуил: Застарените методи на лекување ги заменуваме со современ индивидуален пристап

26 октомври 2022

Традицијата на лекување во модернизираниот хидротермален медицински центар Цар Самуил – бања Банско, се заснова на благотворните дејства на термоминералната вода кои се од есенцијално значење во процесот на физикална рехабилитација.

Препознатливите методи на лечење кои ги практикуваат во Цар Самуил станаа синоним за банско лекување во регионот. За тоа сведочат и голем број потврдени успешни приказни на нивни пациенти кои со задоволство повторно се враќаат за да уживаат во благодетите на термалната вода – единствена во Европа по својот состав и лековитост.

40 години посветено работат и се развиваат во чекор со модерното општество.

Застарените методолошки пристапи на лекување ги заменуваат со индивидуален пристап и акцент на потребите на пациентот за да го подобрат квалитетот на целокупниот процес на физикална рехабилитација.

Вложуваат во нови медицински концепти и примена на нови дијагностички и терапевтски техники. Ја прошируваат нивната палета на услуги и терапии правејќи спој на традиционалното лекување и современата технологија за постигнување совршен баланс.

Со холистички пристап ја охрабруваат одговорноста на луѓето во подобрување на сопственото здравје преку промена на физичката, когнитивната и емоционалната состојба.

Креират индивидулни рехабилитациони и рекреативни програми во зависност од потребите на пациентот. Со современи методи ги третираат сите видови на дегенеративни, невролошки, посттрауматски, ортопедски и генетски болести како и сите видови фрактури.

Користејќи ги благодетите на термалната вода нудат и третмани за рекреација и одржување кондиција кои можат да ги користат спортисти, рекреативци, па и цели семејства кои сакаат да уживаат во топла и пријатна атмосфера.

Цар Самуил - Со почит кон традицијата. Во чекор со модерното. Со помош на природата. Во служба на медицината.

Закажете го вашиот термин на:

+389 72 211 011
contact@carsamuil.com

 

Објавено:
26 октомври 2022
Категорија: 
Здравје
Прочитано:
888 пати