Познато дека пиењето на чаша вода со лимон наутро, е една од најефикасните навики за добро здравје.
Но, зошто е овој напиток толку ефективен и што се случува во нашиот организам ако редовно го пиеме.
Подобрено варење
Сокот од лимон помага при започнување на варењето на храната. Со тоа се намалуваат проблемите од типот на киселини, подуеност и неправилно варење. Лимонот го стимулира производството на жолчен и желудечен сок со што пак се превенираат создавање на гасови.
Подобар имунитет
Благодарение на големото количество на витамин Ц, лимонадата го зајакнува имунитетот. Лимонот е богат и со витамин Б, калциум, железо, магнезиум, калиум и останати ензими неопходни за организмот.
Хидратација
Добро е познато дека лимонот многу придонесува за подобрување на хидратацијата во телото. Особено наутро, на празен стомак лимонадата прави чуда за стимулирање на метаболизмот. Лимонот е одличен за кожата и поради присуството на антиоксинданти.
Добри црева
Лимонадата го подобрува функционирањето на цревата и го хидрира дебелото црево, со што се спречува констипација. Лимонот е исто така богат со влакна, а тоа е од особено значење за здрави црева.
Фото: Pinterest