Др. Марија Бунда ја подигнува свеста за ракот на дојка: Да сме благодарни за привилегијата да го живееме овој прекрасен живот

14 октомври 2022

Октомври е месецот посветен на подигнување на свесноста за рак на дојка.

До сите девојки , жени - еднаш месечно правете си само преглед. Човековото тело е чудо, мислам дека не сме ни свесни колку сме силни и моќни. Ако нешто ова ме научи е дека треба да ги слушаме знаците на телото, пред да биде прекасно. Да застанеме во тишина и вистина да слушнеме. Животот е многу брз и неосетно секојдневието не завлекува... исцрпува изморува. Мора да имаме механизам на справување, на враќање на мирот и среќата. Мислам дека почесто треба да сме сами со себе, во природа, гледајќи го зајдисонцето. Да си дадеме време за нас ..вежбајте, правете тоа што ја храни душата, бидете со тие што ги сакате. Мене веќе не ме воодушевува ништо материјално, ништо што може да се купи со пари.

Потребно е да, но не и доволно. Среќата и љубовта од најблиските е тоа што ме воодушевува, откривањето нови места и сонцето, цвеќињата, зеленилото, синото небо и ѕвездите навечер. Мислам дека има многу работи за кои треба да сме благодарни, нешта што ни се случиле и што допрва ќе ни се случат. Но, најбитно од се e да сме благодарни што сме тука, сега и овде и што ја имаме привилегијата да го живееме овој прекрасен живот.

Објава на Инстаграм на Др.Марија Бунда која храбро се бори со рак на дојка, а истовремено ја подига свеста за болеста и за важноста на само прегледите

 

Објавено:
14 октомври 2022
Категорија: 
Здравје
Прочитано:
1.935 пати