Како да го подобрите вашето ментално здравје

10 октомври 2023

По повод денешниот ден на менталното здравје (10.10), сакаме да ве потсетиме колку е важно да го чуваме умот и да се фокусираме на позитивното.

Неколку пријателски совети во продолжение.

Дружба со пријателите

Кога велиме дружење со пријателите, не мислиме на онлајн конверзација. За да биде поврзаноста ефективна потребна е средба во живо. Не ги одбегнувајте средбите со пријателите и луѓето што ви значат. Трудете се што повеќе да се сретнувате лице во лице.

Бидете активни

Не треба ни да напоменуваме колку е физичката активност важна како за телото така и за умот. Без разлика за каква активност се работи, таа ќе го намали стресот, ќе поттикне позитивни емоции и подобар сон.


Поттикнете ги сетилата

Музика, прошетка во природа, стрес топче, јога... Секој од нас различно реагира на околината и затоа потребно е да пронајдете што е тоа што ве опушта најмногу. Вклучете ги сетилата за да го ослободите умот од негативноста.

Квалитетна пауза

Можеби ќе речете дека немате време за поголема пауза, премногу сте зафатени, но за одмор мора да најдете време. Тоа не мора да биде бегање од реалноста на некое далечно место. Една добра квалитетна пауза од сиот негативен набој е фокусирањето на позитивните работи во текот на денот, неделата...Можете и да ги запишете, па така кога ќе ви треба мала оддишка тие ќе бидат тука како потсетник.


Храна за мозокот

Вклучете храна што го храни мозокот – леќа, грав, намирници богати со омега 3 киселини, јаткасти плодови, авокадо, темен листест зеленчук, боровинки...и секако темно чоколадо.

Добар сон

Можеби понекогаш имате проблем да заспиете или пак сте од оние кои мислат дека не им е потребен многу сон. За промена трегнете се од сите електронски уреди пред спиење, слушајте музика или читајте книга. Едноставно смирете ги телото и умот и квалитетниот сон сам ќе си дојде.


Цел и значење

Кога лутате низ обврските и кога мислите дека не сте во состојба да го протуркате денот, застанете и запрашајте се зошто го правите тоа што го правите. Пронајдете цел и значење во работите. Тоа многу ќе му помогне на вашиот ум и ќе придонесе за подобро ментално здравје.

Фото:Pinterest

Објавено:
10 октомври 2023
Категорија: 
Здравје