Во пресрет на летните одмори секогаш се актуелизира прашањето во однос на здрав и атрактивен физички изглед, за што поголема самодоверба на плажа.
Секако дека постигнувањето на задоволителни резултати и тело со кое ќе бидеме задоволни и со поголема самодоверба, е во релација со бројни фактори како: редовна физичка активност преку целата година, соодветна и здрава исхрана, воопшто и здрав начин на живот, а влијание има и генетиката.
Но, што кога сакаме да постигнеме добри резултати за релативно кратко време или едноставно дополнително да ја дефинираме мускулатурата?
Дали е возможно тоа да се реализира на здрав начин без никакви контраиндикации?
И како може да се постигнат исти резултати со третман од 30 минути наместо 5 часа фитнес активност?
Сето тоа е релевантно докажано со примена на иновативниот и технолошки напреден апарат Tesla Former, достапен во широката понуда на ексклузивни услуги во програмата на хидротермалниот медицински центар Цар Самуил, бања Банско, Струмица.
Тонирање на мускулите, намалување на масните наслаги, тонирање на кожата се само дел од придобивките од процедурата на ФМС (Функционална магнетна стимулација) која во Цар Самуил се изведува со иновативната технологија на Tesla Former.
Со преку 200 преконфигурирани програми, технологијата на ФМС се користи и за:
• зајакнување на мускулната маса,
• подобрување на микроциркулацијата,
• забрзување на протокот на лимфа,
• зголемување на мускулниот тонус и тонирање на кожата,
• мускулна релаксација.
ФМС - Функционална магнетна стимулација е неинвазивна безболна процедура преку која пулсното магнетно поле навлегува длабоко во телото и предизвикува контракција на мускулите до кои не може да се стигне со помош на обична електро-мускулна стимулација. Овој процес не ги стимулира нервите на болка на површината на кожата и затоа е попријатен од класичните мускуло-стимулативни третмани.
Оваа револуционерна технологија наоѓа примена во областа на неуро-физиотерапија и рехабилитација, уриногинекологија и спортска медицина.
Закажете го вашиот термин на следниве контакти:
Хотел рецепција
072 211 011
034 377 210
contact@carsamuil.com
Медицина рецепција
071 245 594
070 312 574
zdravstvo.recepcija@carsamuil.com
View this post on Instagram
View this post on Instagram