Оваа 101 годишна баба не планира да се пензионира наскоро

1 септември 2023

 Џејн Брнс има 101 година и сè уште активно работи. Оваа супер бабичка, која услужува муштерии во продавничка за сувенири во Охајо, не планира да се пензионира.

Таа самата оди на работа со автомобил и како што вели тоа што е постојано активна е една од причините за нејзината долговечност.

Меги Хусвар, колешка на Џејн, пред две години за прв пат сподели видео на TikTok, со тогашната 98 годишна Брнс.

Младата девојка ја замолува Џејн да им даде совет на сите што ја гледаат, на што супер бабичката одговара Keep moving, или Продолжете понатаму!, алудирајќи дека во животот треба да сме постојано активни.

Брнс за прв пат започнала да работи во продавничката во 1997 откако починал нејзиниот сопруг.

Таа го има победено ракот, што дополнително ѝ дало волја за живот. Сè уште го негува своето лице секојдневно со хидратантен крем и користи шминка.

Освен тоа Џејн во интервју за CNBC има изјавено дека за долг живот потребно е да имаш и многу пријатели, односно да наоѓаш среќа во дружењето со луѓето.

Видеото подолу во линкот.

download.mp4

Објавено:
1 септември 2023
Категорија: 
Здравје