После успешните концерти во Струга на 8ми август во Домот на култура, потоа на 10ти август на градскиот плоштад во Охрид и големиот самостоен концерт на 16ти август на Ракометното игралиште во Битола, поддржани од младите битолски групи Tzar Von Time, Sioto Jazz и Corrosion, и специјалните гости Суперхикс, на својот ФБ профил Фолтин напишаа: “Отсега натаму Ракометното игралиште во Битола, за нас од Фолтин, никогаш нема да биде исто.”
Групата својата августовска турнеја на 25.8 ќе ја заокружат со целовечерен концерт во Винскиот музеј – Тиквеш во Кавадарци, во соработка со Домот на културата Иван Мазов – Климе и финансиски поддржан од Министерство за култура.
Инаку, оваа година ФОЛТИН слават 29 години од своето прво појавување.