После 25 – тата година веќе можат да се забележат промени на вашата кожа и тоа значи дека е време да почнете да ја негувате. Сигурно сте забележале и дека вашата кожа полека го губи и младешкиот сјај кој го имавте и таа лесно станува уморна и сува. Затоа време е да преземете мерки и да ги одложите првите знаци на стареење.
Обично негата против стареење на кожата започнува во дваесеттите години и тогаш е време да започнете со нанесување на крема за сончање и да практикувате здрав начин на живот. Кога ќе наполните 30 години време е да ги слушате потребите на вашата кожа и да и посветите големо внимание. Во прилог неколку важни совети против стареење на кожа.
- Нанесете крем за очи
Делот околу очите е можеби најнежниот дел кога станува збор за стареење бидејќи е најмногу склон кон сувост, тука кожата е навистина тенка и најчесто во овој предел почнуваат да се појавуваат првите брчки и темни дамки, затоа кремот за очи е неопходен во триесеттите години. Одберете производи кои гарантираат хидратација и отфрлете ги оние кои ја иритираат и не и одговараат на вашата кожа.
2. Правилно чистење на лице
Во оваа доба од животот треба сериозно да го сфатите чистењето на лицето. Важно е да запомните дека секој тип на кожа е различен и секоја кожа има различна потреба од нега. Пробајте да ги избегнувате марамчињата за отстранување шминка, бидејќи ги затвораат порите, тие нека ви бидат само дел од рутинско чистење или во мигови кога навистина немате друг избор. Користете пилинг, серум за осветлување на кожата, пена за чистење на лицето и ставајте маска еднаш неделно.
- Користете ретинол
Доколку досега не сте користеле ретинол, сега е вистинското време за тоа. Научно е докажано дека ретинолот е еден од најдобрите средства против стареење на кожата исто толку важна како и заштитата од УВ зрачење.
- Заштитете ја кожата од сонце и не го заборавајте кремот со заштитен фактор
Прекумерната изложеност на сонце е еден од најголемите проблеми кој предизвикува предвремено стареење. Затоа задолжително користете производи кои се со заштитен фактор кои што нема да ја иритираат кожата, а истовремено ќе ја заштитат од штетните УВ зраци.
Негата на вашата кожа по 30 -тата година е од исклучително значење, а ефектите од вашата посветеност ќе ги уживате долги години потоа. Секогаш кога ќе немате време или желба да се посветите на вашата кожа, сетете се дека со многу малку напор во иднина ќе уживате голем бенифит и со насмевка ќе стоите пред огледалото.