Супермоделот Адријана Лима официјално стапи во брак. Бразилската убавица, позната по соработката со Victoria’s Secret, ја сподели возбудливата вест на својот Инстаграм профил.
Во емотивна објава, Адријана го откри својот нов статус како госпоѓа Лима Лемерс со романтична фотографија. На фотографијата се гледаат нејзините раце заедно со рацете на нејзиниот нов сопруг, додека тој нежно ја држи нејзината нога, а во позадина се наѕира пустински пејзаж, додека блескавиот прстен е во центарот на вниманието. Објавата, проследена со легендарната песна I Wanna Be Loved By You од Мерилин Монро, беше насловена: „Официјално госпоѓа Лима Лемерс, АКА Лимерс .“
Адријана и нејзиниот сопруг Андре Лемерс се заедно од почетокот на 2021 година. Парот за првпат заедно се појави на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција, а во 2022 година го добија своето прво дете, Сијан Лима Лемерс. Адријана, исто така, има две ќерки, Валентина (12) и Сиена (9), од поранешниот сопруг Марко Јариќ.
Во последно време, Адријана споделуваше фотографии од своето патување во Абу Даби, каде што веројатно е местото од каде што ја објави фотографијата со прстенот.