Овој десерт со јаболка е вистински предвесник на есента

Јаболката неодоливо не потсетуваат на есен, а еден од најдобрите есенски десерти е токму колачот од јаболка. Затоа наш викенд предлог ќе биде вкусен предвесник на сезоната што следи.

Required ingredients:

  • 80 гр. зејтин
  • 120 мл. млеко
  • една лажичка екстрат од ванила
  • 100 гр. брашно
  • една лажичка прашок за пециво
  • еден лимон
  • мускатно оревче
  • сол
  • 4 eggs
  • 100 грама шеќер
  • кафеав шеќер за наросување
  • 6/7 јаболка со средна големина

Рерната загрејте ја на 190 степени и премачкајте го садот каде што ќе ги печете јаболката. Загрејте ги путерот, млекото и ванилата на послаба температура се додека не се соединат, а потоа тргнете го садот од оган.

Во друг сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво, малку мускатно оревче, кора од лимон и малку сол. Со миксер изматете четири јајца и шеќер, а потоа внимателно соединетете ги сите состојки и сувите и течните додека не добиете смеса за колач.

Јаболката излупете ги и исечете ги на четири дела, а потоа истите на тенки кришки. Секоја од нив потопете ја во претходно добиената смеса и така редете ги во подготвените сад.

Смесата што ќе остане прелијте ја преку јаболката, а на крај наросете малку кафеав шеќер. Печете час, до чаc и половина со постојано проверување за да не загори.

Пред послужување колачот треба малку да се излади, а доколку сакате можете да додадете и шеќер во прав.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish