Модната недела во Париз за сезоната пролет/лето 2026 стартуваше вчера.
Настаните годинава вклучуваат ревии, презентации, модни настани и дигитални преноси за оние што не можат да присуствуваат лично.
Модните куќи и младите дизајнери ќе ја претстават својата визија за новата колекција, со фокус на новите трендови.
На отворањето вчера на ревијата на Сан Лоран, во центарот на вниманието беа големи силуети и мешавина од минимализам и екстраваганција.
Големо внимание привлече и дизајнерот Ентони Вакарело кој се потруди да остави силна модна порака преку својата колекција за Сан Лоран. Дебитираше и нова дизајнерка, Џули Кегелс, со нејзината ревија „Quick Change“, прикажувајќи парчиња кои се трансформираат и се дизајнирани за жени со динамичен живот.
Големата козметичка куќа L’Oréal Paris организираше спектакуларно шоу со модни ѕвезди, а сето тоа беше пренесувано на Инстаграм и TikTok.
Помеѓу познатите беше и Росалија која привлече внимание со својот уникатен стајлинг.
Кендал Џенер пак се појави со интересна комбинација: транспарентно здолниште над панталони, што е еден од трендовите во изминатите сезони.
Париската модна недела се одржува два пати годишно,еднаш во февруари/март и втор пат во септември/октомври.
Првиот ден е значаен за помлади и нови дизајнери, но и за презентации кои ја отвораат сцената за понатамошните големи ревии.