На годишната научна конференција на ЈЗУ „13 Ноември“ која што се одржа вчеравечер во хотелот Александар Палас ELENA LUKA ја доби значајната награда 13 Ноември.

По овој свечен повод сопственичката на ELENA LUKA GROUP Елена Пандева, срдечно се заблагодари на укажаната чест и притоа изјави:
„Јас и мојот тим веруваме дека вистинските вредности и убавината не се само во она што го создаваме, туку и во она што го даруваме на другите. Помошта кон нашите постари пријатели и сограѓани не е наша обврска, туку наша чест — затоа што тие се темелот врз којшто се гради ова општество.
Голема благодарност од срце до сите што ни ја дадоа можноста да бидеме дел од оваа мисија веќе толку години. Ветуваме дека ELENA LUKA ќе продолжи да помага и да биде таму каде што љубовта е најпотребна.“
Пријателството и соработката на ELENA LUKA со „13 Ноември“ трае веќе 15 години, деценија и половина исполнети со поддршка, хуманост и заедничка мисија.
View this post on Instagram