Тантелата од секогаш била симбол на нежност, женственост и кралска елеганција. Но, зад нејзината лесна и воздушеста текстура стои долга историја, уникатна рачна умешност и техничка прецизност.

Денес таа е еден од највредните материјали во светската мода – од свадбени фустани до couture колекции, од декоративни ентериери до наследни занаети.
Ова е приказна за тоа како се родила тантелата, кои видови постојат, како се изработува и зошто некои тантели чинат повеќе од злато.



Како настанала тантелата?
Тантелата првпат се појавува во Европа во 15-от век, главно во Италија и Белгија. Постои легенда дека првата тантела ја направила млада калуѓерка која, гледајќи ја утринската роса на пајажината, посакала да создаде текстил едноставен и нежен како „нишките на ангелите“.

Првите центри на тантела се наоѓале во Венеција, од каде потекнува рачната, иглена тантела, а Бриж и Брисел се лулка на најсовршената плетена тантела.
Франција е позната по кралската црна и бела тантела (Алансон, Шантили), Малта се поврзува со тантелата со крст којашто станува и национално богатство, додека почетокот на машинската тантела е во Нотингем, Англија.
До 17-от век тантелата станува статусен симбол. Ја носеле кралеви, кралици, благороднички, свештеници, а подоцна и модерната европска буржоазија.

Како се изработува?
Постојат две главни техники, односно две филозофии:
Првата е иглена тантела (Needle Lace), којашто вклучува работа со игла и конец како минијатурна скулптура. Таа е најтенка, најскапа и најретка. Примери за ваква тантела се Алeнсон (Франција) и Венецијанската иглена тантела.
Втората техника е чункова/плетена тантела (Bobbin Lace). Се користат дрвени чункови со кои се ткаат сложени мотиви.
Вака се изработувале тантелите во Бриж, и Брисел, Малта и Шантили тантелата.
Постои и машинска тантела, таканаречена Nottingham Lace, односно Raschel Lace.
По индустриската револуција овој материјал станува масовно достапен, но никогаш не ја достигнува уметничката вредност на рачните тантели.
Типови тантела во светот
Шантили тантела (Chantilly Lace). Тоа е најпозната црна тантела којашто се одликува со суптилни цветни мотиви. Таа е прозрачна, фина и романтична.
Цена- машинска: 25–60 €/м, полурачна: 120–250 €/м, и рачна: 400–700 €/м

Алeнсон тантела . Таа е уште наречена„ Кралицата на тантелите“. Направена е со иглена техника којашто е најпрецизна во светот. Се прави со микроскопски бодови, а потребни се 7–12 часа за 1 cm².
Цена -автентична рачна: 1.500–5.000 €/м, музејски примероци: 10.000+ €
Бриж & Брисел тантела (Belgian Lace). Таа е најфина плетена тантела, изработена е со чункови и е исклучително барана во haute couture.
Цена – рачна: 500–1500 €/м

Венецијанска тантела (Venetian Lace / Burano). Оваа тантела е тешка, богата, барокна, а популарна е за свадби и haute couture.
Цена – 200–800 €/м
Малтешка тантела (Maltese Lace / Ganutell) Таа има карактеристичен крст, геометриски и цветни дизајни и е препознатлив национален симбол.
Цена – 80–250 €/м
Нотингам тантела. Таа е првата индустриска машинска тантела, којашто станала достапна и лесна за масовна мода.

Цена – 10–30 €/м
Современа луксузна тантела (Fashion + Interior)
Во модата (Haute Couture) тантелата е централен материјал за свадбени фустани, couture корсети, ракави, наметки, вечерни фустани, детални апликации.



Многу големи модни куќи ја обожаваат, а меѓу нив се Dior, Valentino, Elie Saab, Alexander McQueen, Chanel, Zuhair Murad…









Тантелата се користи и во ентериерот. Пример за тоа се декоративни панели, завеси, couture перничиња, луксузни покривки, уникатни арт-објекти.