Слатки и здрави: Енергетски бомбици со цреши и ф’стаци

Доколку сте љубител на слатко, а сакате да се храните здраво, го имаме вистинскиот рецепт за вас. Овие енергетски бомбици со сечкани суви цреши и ф’стаци се совршени за да ги задоволат сите ваши потреби за десерт во текот на денот. Бадемовиот путер и какаото им додаваат кремаст состав и чоколаден вкус кој освојува.

Еве како да ги подготвите…

Ingredients

  • 1 ½ шолја суви цреши
  • ¾ шолја излупени, солени ф’стаци
  • ½ шолја бадемов путер
  • 3 лажици какао во прав
  • 4 лажици чист јаворов сируп
  • ½ лажичка мелен цимет

Method of preparation

  1. Во блендер или процесор за храна ставете ги сувите цреши, ф’стаците, бадемовото путерче, какаото, јаворовиот сируп и циметот.
  2. Изблендирајте со кратки пулсирања 10-20 пати, а потоа обработувајте уште 1 минута додека смесата не стане ситно исечкана, но доволно компактна за да се обликуваат топчиња.
  3. Со влажни раце (за да не се лепи смесата), земете околу една лажица од смесата, стиснете ја цврсто меѓу дланките и обликувајте топче.
  4. Ставете го во сад за чување. Повторете го процесот со преостанатата смеса.

Овие енергетски бомбици се одличен избор за брза и здрава ужина. Можете да ги чувате во фрижидер до една недела или во замрзнувач до три месеци. Совршено се вклопуваат во секојдневната исхрана и обезбедуваат неверојатна енергија.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish