Модна инспирација: Наоми Кембел на Париската модна недела

Супермоделот Наоми Кембел го украде вниманието на Париската модна недела појавувајќи се како гостин на ревијата на Шанел во пролетно лилаво издание.

54-годишната Наоми зрачеше со безвременска елеганција, во здолниште со набори и пастелна каро шара на горниот дел, која ѝ даде разигран допир. Својот изглед го надополни со крем чанта со синџир, големи црни очила за сонце и шик црна панделка – детаљ што ја одбележа и самата колекција.

Но, Кембел не блеска само на модните писти, туку и зад сцената, како поддржувач на нови модни таленти. Таа соработува со Националниот комитет за развој на Тајланд, со цел да го подигне нивото на модната индустрија во земјата и да им обезбеди соодветна обука и меѓународна видливост на локалните модели.

„Вчера имав разговор за да се осигурам дека моделите се третирани коректно, дека не се ангажирани само за една сезона и потоа заборавени. Тоа може да има сериозни психолошки последици, а ние не го сакаме тоа. Сакавме да бидеме сигурни дека постојат безбедносни механизми за нив,“ изјави таа.

Со својот препознатлив шарм и поддршка за новите генерации, Кембел останува инспирација и надвор од пистите.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish