Филмскиот фестивал во Кан стартува денес и ќе трае се до 24 мај. Покрај богатата филмска програма, секоја година, тука е и гламурозниот црвен тепих за којшто ѕвездите се подготвуваат и со месеци однапред.
Сепак она е што е главна вест годинава се новите правила за облеката, коишто исклучуваат голотија и волуменозни креации.
Соопштението дојде само еден ден пред почетокот на фестивалот што наметна проблем за добар дел од дизајнерите и ѕвездите.
Забраните наложуваат дел од гостите да го сменат стајлингот во последен момент.
Одлуката којашто забранува голотија се спроведува поради одржување на пристојност на овој престижен фестивал, додека кај волуменозните креации забраните се поради логистички причини (распоредот за седењето и транспорт).
Годинешна претседателка на 78 издание на фестивалот е актерката Џулиет Бинош.