На денешен е родена, според многумина, една од најубавите жени во светот- Анџелина Џоли.
Иако денес jа стартува шестата декада се уште го одзема здивот каде и да се појави.
Американската актерка и режисерка чиј татко е познатиот глумец Џон Војт уште од мали години го искусува светот на шоу-бизнисот. Џоли има добиено многу награди за своите улоги, меѓу кои и Оскар за филмот Girl, Interrupted во 1999-та година.
Прв пат добива главна улога во филмот Hackers (1995), каде што го сретнува и првиот сопруг актерот Џони Ли Милер. Нејзиниот перформанс во биографскиот филм Џиа за истоимениот модел и носи многу признанија како Златен Глобус и Гилд награда.
Стекнува светска слава со серијалот за Лара Крофт, а во 2004 ја игра мајката на Александар Македонски во филмот Alexander the Great.
Џоли привлече големо медиумско внимание кога ја започна љубовна врска со Бред Пит истата година. Анџелина има шест деца, од кои три билошки. Таа е и голем хуманитарец – Амбасадор на добра волја на UNHCR.
Денес во чест на јубилејниот роденден издвојуваме неколку прекрасни нејзини изданија.
Среќен 50-ти роденден Анџелина Џоли!