ELENA LUKA HOME ексклузивно најавува дека започната е продажбата на станови во FUTURA 3-4.
Сите оние кои сакаат да го решат своето станбено прашање сега ја имаат можноста тоа да го направат во најсовремениот станбено-деловен комплекс FUTURA со површина од 47.668м2.
Со FUTURA 3-4 се комплетира урбаната приказна на комплексот FUTURA којшто е репрезент на врвен урбан дизајн, софистицираност и квалитет.
FUTURA 3-4 се наоѓа на идеална локација во општина Кисела Вода, на бул.„Борис Трајковски“ и нуди голем избор на станови со различна типологија.
Со вкупна површина од 22.472m², концептот на FUTURA3-4 вклучува 208 станбени единици со квадратури од 23м2 до 96м2, како и 1.323m² деловен простор, кој што може да биде реорганизиран и поделен според потребите на различни бизнис дејности.
Во FUTURA 3-4, секој стан е дизајниран со фокус на тоа да се обезбеди голема количина на природна светлина, оптимален распоред на просторот, а имплементирани се висококвалитетни материјали.
Завршните обработки и деталите се внимателно одбрани за да создадат елегантен, модерен и топол амбиент, кој овозможува ексклузивно домување.
Како и останатите објекти во FUTURA Complex, и FUTURA 3-4 се карактеризира со врвен квалитет на градба и најсовремени материјали.
Со својата уникатност и функционалност, FUTURA 3-4 претставува симбол на современата архитектура, заокружувајќи ја визијата за премиум домување и врвен деловен простор во рамки на ексклузивниот комплекс FUTURA.
For more information, please contact:
- 070 290 200,
- 070 276 511,
- 02 3 103 816
или пишете на contact@elenalukahome.com