ЕЛЕНА ЛУКА уште еднаш го потврди својот статус на лидер во бизнисот, освојувајќи ја престижната интернационална награда – Best Business Award, во рамки на реномираниот настан Women Leaders Awards 2025, во организација на Global Media & VIP Communication.
Оваа награда, доделена вчеравечер во Софија, во партнерство со Бугарската стопанска и индустриска комора и Германската асоцијација за мали и средни бизниси, ја препознава посветеноста, иновациите и континуираниот развој на брендот, кој веќе години наназад го обликува глобалниот пазар во модата, архитектурата и медиумите.
Признанието лично го прими г-ѓа Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА), сопственичка и генерален менаџер на ELENA LUKA GROUP, која со својата визија и лидерство ја гради успешната приказна на компанијата.
„Ова признание е уште една потврда за сè што ЕЛЕНА ЛУКА работи, не само локално, туку и на меѓународно ниво. Веќе години наназад, ЕЛЕНА ЛУКА успешно се позиционира на странските пазари како познат бренд, особено во модата, но и во медиумите преку Fashionel.mk, квалитетен моден портал со интернационален досег. Воодушевена сум што и во Софија се вреднуваат вистинските вредности во работата и развојот на компании. Тие ја следеа работата на ELENA LUKA GROUP, која обединува повеќе компании со различни дејности – мода, градежништво, медиуми, како и фондацијата. Голема чест ми е што вечерва сум тука и ја примив оваа престижна награда. Македонија не е многу голема држава, меѓутоа е полна со многу големи таленти, затоа се надевам дека во континуитет и следната година ќе има професионалци од нашата земја кои ќе ја добијат оваа награда.“- истакна г-ѓа Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА).
ELENA LUKA GROUP, како глобално препознатлива компанија, продолжува да поставува нови стандарди во сите сектори во кои што делува, а ова признание и престижните награди добиени во Македонија се уште еден доказ дека нејзиниот бренд и достигнувањата се силно препознаени и вреднувани.
„Континуираниот успех и признанијата се резултат на напорна работа и иновативни идеи. Вредностите на ELENA LUKA GROUP – континуирана работа, иновација, храброст, преземање ризици, постојана анализа, истражувања и следење на светските трендови се наши водилки. Овој успех се должи на одличниот тим кој стои зад мене, професионалци кои моите визии ги претвораат во реалност. Сигурна сум дека пазарот и институциите го препознаваат тоа.Оваа награда е инспирација и поттик да продолжиме понатаму, водени од желбата да создадеме квалитетни производи и идеи. Тоа е доволна мотивација да одиме напред заедно со тимот.“- вели г-ѓа Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА).
Како клуч за постигнатиот успех ЕЛЕНА ЛУКА ја посочи и самодовербата за која порача дека е основен фактор за напредок и раст во бизнис сферата. Таа ги охрабри сите жени да прават смели чекори напред.
„Секогаш велам дека треба да се верува во себе – звучи едноставно, но за младите жени, особено во деловниот свет, тоа често претставува предизвик. Ги охрабрувам да се реализираат како жени, мајки и бизнис-лидери, бидејќи многу од нив имаат страв или дилеми. Со добра организација, континуитет и стекната самодоверба, успехот е загарантиран. Им порачувам на жените да не се откажуваат од своите идеи, дури и кога другите им велат дека не се рационални. Денес постојат многу можности за поддршка на бизнис-иницијативите, но најважно е да останат верни на својата оригиналност. За да бидеш успешна бизнис-жена, потребен е талент и предодреденост, тие што ја имаат, треба храбро да настапат на пазарот.“- порача г-ѓа Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА).
На овој интернационален настан присуствуваа успешни бизнис жени од 3 континенти, меѓу кои и Ренета Инджова, која била првата жена премиер на Бугарија. Идејата за организација поттикнала од потребата да се даде дополнителен мотив на жените кои веќе забележале сериозни интернационални достигнувања.
„Инспирацијата за овој настан беше да им оддадеме признание на жените кои постигнале значајни успеси во бизнис-светот, кои се борат со огромна посветеност и кои, и покрај предизвиците, успеваат во сектори што традиционално се сметаат за машки. Вечерва ги видовме токму тие жени на сцената, а верувам дека овие признанија ќе им бидат дополнителна мотивација за уште поголеми успеси. Кога размислувавме за номинација на Бизнис-жена од Северна Македонија, сите едногласно се согласија дека ЕЛЕНА ЛУКА е вистинскиот избор – жена со влијание, визија и постигнувања кои ја позиционираат високо во деловниот и општествениот сектор.“- вели Патриција Кирилова, организатор на Women Leaders Awards 2025.
Овој настан кој традиционално се одржува во Софија, беше многу повеќе од прослава на успехот, тој испрати силна порака за инспирација, храброст и истрајност. Признанијата што ги добија успешните жени се потврда дека трудот, посветеноста и визијата не познаваат граници. Нивните приказни се мотив за сите кои се стремат кон успех, докажувајќи дека во светот на бизнисот, храброста и упорноста се клучот за вистинска позитивна промена.
Повеќе фотографии и видео од настанот Women Leaders Awards 2025 се достапни тука:
View this post on Instagram