Кога станува збор за уредување на внатрешниот простор во домот сите сакаме да го постигнеме балансот во којшто ќе се чувствуваме удобно.
А кога размислуваме за боја, екпертите на ова поле се согласни дека една нијанса е навистина безвременска.
Таканаречената Off-white е избор број еден за многумина.
Особено е одлична за домот во лето, а може да ја внесете на повеќе разни начини.
Одговара на секој стил создавајќи визуелно поголем простор, топлина, како и чувство на релаксираност.
Идеална е за ѕидови и тавани, а може се додаде и кај мебелот, прозорите, вратите.
Оваа нијанса на бела боја совршено одговара и за завеси,украсни перничиња и постелнина.
Рефлектира светлина со што домот изгледа поотворен, истовремено одбивајќи ги сончевите зраци што ја прави одлична за домот во лето.
Може да се комбинира со неутрални нијанси како беж и нежно сива боја.
Во продолжение неколку добри идеи како да ја имплементирате оваа безвременска бела.