Autumn style lessons from blogger Maria Calvet

Модните блогерки на Инстаграм се секогаш тука со интересни идеи, а за денес ја одбравме шпанката Марија Калвет, која живее на релација Барселона-Париз.

Нејзиниот стил може да го дефинираме како шик, тренди, гламурозен, а сепак опуштен.

Марија не претерува со додатоци и не ги прати трендовите доколку не се во рамки на нејзината модна естетика. Таа знае да одбере квалитетни винтиџ фармерки, класични панталони, а сака и анимал принт.

Марија неретко одбира и елегантен oversized блејзер којшто го комбинира со бела маичка.

Во нејзиниот гардеробер ќе најдете и кожни чизми, мантил од превртена кожа, широк џинс и сомотски панталони, коишто се идеални за есен.

Калвет често носи ремени, обожува големи кожни чанти, како и винтиџ свилени марами коишто ги носи на различни начини.

Photo: Instagram

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish