Гарсониери – компактно станбено решение за совршена хармонија во домот

Кога станува збор за избор на стан секој од нас има свои преференции, Но, она што е заедничко за сите е да се пронајде местото во кое што ќе можеме да уживаме во совршена хармонија.

Токму тоа го имате во компактно спакуваните гарсониери во FUTURA 3-4, новиот станбен објект на ELENA LUKA HOME, каде секој метар квадратен е максимално искористен.

FUTURA 3-4 нуди различни типови на гарсониери од 23 до 36 квадрати, а секоја од нив претставува модерна и исклучително добро организирана станбена единица.

Секоја гарсониера се одликува со комфорен дневен престој со трпезарија, висококвалитетна термо и звучна изолација, како и внимателно одбрани премиум материјали со долготраен квалитет.

Овој тип на станбена единица, којшто може да биде вашиот прв дом е паметна и долгорочна инвестиција.

Гарсониерите во FUTURA 3-4  имаат совршен распоред за максимален комфор каде што ќе можете да ја создадете вашата животна приказна во еден современ ентериер со ваш личен печат.

FUTURA 3-4 се наоѓа на одлична локација на булевар „Борис Трајковски“, во општина Кисела Вода, на само пет минути пешачење од центарот на Скопје.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish