Модна инспирација со неодоливата кожна јакна

Како што температурите полека ќе опаѓаат така во игра ни доаѓа уште едно must have есенско парче а тоа е кожната јакна.

Заедно со мантилите кожните јакни го дополнуваат речиси секој аутфит којшто ќе го носиме во сезоната пред нас.

Покрај безвременската црна варијанта, ги имаме и останатите нијанси како кафена, маслинесто зелена, сина, сива, окер…

Ги носиме струкирани или oversized во зависност од стилските преференции.

Она што е добро кај кожната јакна е што може да се вклопи во секоја комбинација, од здолништа и патики, до фармерки и чизми.

Таа го отсликува бунтовниот елемент во естетиката и е дел од урбаниот стил веќе подолго време.

Токму затоа денес ви носиме неколку добри идеи.

Photo: Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish