Повторно носиме ѕkinny jeans

После неколку сезони во кои владееја пошироките кроеви, оваа есен на сцената се враќаат добро познатите skinny jeans.

Тие се симбол на елеганција, едноставност и женственост, а нивната најголема предност е што совршено ја истакнуваат силуетата и се комбинираат буквално со сè.

Во комбинација со oversize џемпер или структуриран блејзер, skinny фармерките создаваат совршен баланс помеѓу тесното и обемното, што го прави стајлингот современ и удобен во исто време.

За постудените есенски денови, можете да ги споите со високи чизми и топло палто, со што ќе добиете женствен изглед кој секогаш изгледа беспрекорно. Ако преферирaте урбан стил, доволно е да додадете кожна јакна или trench coat, а за вечерно излегување комбинирајте ги со бела кошула и чевли на потпетица – класика што никогаш не излегува од мода.

Оваа сезона во тренд се потемни нијанси, од индиго сина до сива и црна. Материјалите се малку поеластични за удобност, но доволно цврсти за да ја задржат формата и линијата на телото.

За финален допир, додајте ремен со изразена тока, мала чантичка преку тело или шал во есенски нијанси, детали што му даваат карактер на целиот изглед. Skinny jeans повторно докажуваат дека класиката никогаш не излегува од мода.

Со само неколку внимателно избрани парчиња можете да создадеш модерен, урбан и лесно шик стајлинг кој совршено се вклопува во топлите, златни нијанси на есента.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish