Стилска инспирација – Сиена Милер

Ако некој го има ултимативниот изглед за меѓусезоната тоа дефинитивно е Сиена Милер. Актерката која важи за дама со исклучително добар стил уште еднаш потврдува дека едноставното е навистина моќно.

Милер која е препознатлива по бохо естетиката, е фотографирана во Лондон во парчиња за коишто можеме да кажеме се must have за овој период.

Фармерки со поткинати краеви, класична, бела блуза на копчиња во горниот дел, и макси, лесно палто во светло сива нијанса.

За да го заокружи својот стајлинг, Сиена одбра кафеави балетанки од превртена кожа коишто ја даваат потребната доза на елеганција и голема сива чанта.

Софистицирано, едноставно и токму тоа што е потребно за да послужи како инспирација додека ја чекаме пролетта.

Фото: Vogue

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish