Taylor Swift in an ultra-modern black midi dress at dinner with Gigi Hadid

Пред нејзината последна турнеја во Ванкувер, Тејлор Свифт уживаше на вечера со Џиџи Хадид во Њујорк. Двете ѕвезди ја поминаа вечерта облечени во фустани достојни за празнична забава. Хадид се одлучи да носи целосно борда комбинација, со кожна јакна и високи чизми, додека Свифт изгледаше елегантно во црн миди фустан со волуменозно здолниште. Таа уникатниот стајлинг го надополни со црни потпетици, дијамантски обетки и сребрена чанта која додаде посебен печат на нејзиниот аутфит.

Хадид и Свифт се блиски пријателки и интензивно се дружат последните 10 години. Во април 2023 година, Хадид  се отвори за нејзината релација со Свифт. Таа го пофали талентот на ѕвездата во кујната, кажувајќи: „Тејлор Свифт е исклучителна готвачка и јас ја сакам. Таа, исто така, прави навистина добар болоњезе сос и добро чили што го обожувам. Значи, сакам да готвам, но исто така е со задоволство уживам во готвена храна. Кога имате пријатели кои навистина се грижат за заеднички поминатите посебни моменти навистина се поврзувате. “

Во приватниот живот, обете уживаат стабилни романтични врски – Хадид со Бредли Купер, а Свифт со Тревис Хелси.

Извор- ELLE Magazine

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish