Холивуд остана без уште едно легендарно име – Дајан Китон. Актерката почина викендов на 79 годишна возраст оставајќи зад себе незаборавни филмски улоги.
Китон несомнено важеше за една од најдобрите актерки на својата генерација што го потврдија и многубројните престижни филмски награди, вклучувајќи и Оскар за Annie Hall во 1977.
Нејзиниот шарм и насмевка ги освојуваше сите генерации. Дајен ќе биде посебно запаметена и по својот уникатен стилски израз – шешир, дводелен машки костум, црна ролка и бисери, здолниште во А крој со широк ремен…
Низ годините актерката изгради свој препознатлив имиџ со што ја заслужи и титулата Икона на стилот.
Затоа денес во нејзино сеќавање споделуваме неколку одлични стилски моменти.
Photo: Pinterest